What Requiring Minds Want to Know?
Со целиот ризик да бидам прогласен за поп на погрешно место, јас пишувам.
Големината е во едноставноста, затоа, овој текст е едноставен. А немам ни време да пишувам кратко, затоа пишувам долго.
Член сум на еден меѓународен институт каде што се дискутираат идеи и визии за иднината и секоја година пред Божиќ испраќаат инспиративни текстови кои се базираат на факти, статистика и отворени умови.
Овогодишниот текст ме инспирираше да го напишам овој текст кој иако е постиран во делот за политика, не ја третира истата. Политиката е само инструментот за реализација на визите и оттука, овој текст си го најде своето место овде. Од денеска, иако политиката не ја познавам и апсолутно непрофилиран сум и модератор на форумот за политика. Фабулата е токму во мојата претходна реченица – политиката е инструмент за реализација на идеите. Јас, познавам идеи.
Дали Македонија има идеја и визија за иднината (ЕУ и Нато не се идеја и визија, тие се потреба и краткорочна резолуција)? Дали отворениот ум е епитет кој егзистира во Македонија? Дали знаеме... каде одиме? Каква колективна меморија и вредности ќе оставиме во наследство на новите генерации?
Ах, знам... големите прашања имаат за потреба големи вложувања... а јас не сум најпаметниот кој најверојатно ќе биде уште еден поп на погрешно место.
Но, ако на момент ги заборавиме егзитенцијалните проблеми и се ослободиме од стегите на профилираноста (тоа е менлива категорија), моја искрена надеж е дека оние убави висини, романтични драми, топли езера, богати трпези, математички прогресии и идеални стремежи ќе го надвладеат умот и патот на идеите и визиите ќе биде отворен.
Кога Платон ја пишувал својата Република пишувал за идеја. Томас Мор во Утопија и Томасо Кампанела во Градот на Сонцето - исто. Пишувале за идеи. Тие идеи, денеска, се базата на модерните општества. Размилувањата патуваат во иднината, невозможното го прават возможно, а новите вредности се раѓаат. Така е изградена Америка – отворен ум, идеја и визија за следните милениуми. Демократите и Републиканците само ги следат тие идеи.
Денеска, овде, се повикуваме на Александар, а ја напуштаме неговата идеја за отворено општество. Градиме автопати и стигнуваме до Градско, но не и до Солун. Градиме пруги, стигнуваме до Св. Јован Осоговски, но не и до Софија. Патуваме за Тетово, но ја напстраџиреме Тирана. Одиме на Цеца, но не одиме во Белград.
Чудни некои идеи.
Но да се вратам на мојата приказна - Убеден сум дека отворени умови виреат во Макеоднија. Но, што тие умови сакаат да знаат?
До овде стигнав и тука застанав. Нема одговор на тоа прашање. Отворените умови на кои јас некогаш им се восхитував во Македонија денеска се запечатени во тегла со сливи. Егизистираат на работ и некои нови луѓе создадоа некои нови вредности.
Не, тоа е погрешно.
Затоа, посакувам... нашите писатели, актери, професори, научници, интелектуалци и секакви умни глави да се вратат онаму каде беа – на сцената, и да го прават она што Бог им го дал - да го користат умот и да ни ги вратат идеите. Да ни ги вратат визиите и да не научат дека утре ќе биде поразлично од денес. Да ни ги вратат јунаците и да не научат да летаме, да бидеме машиновозачи, лекари или рудари. Америка ги повика интелектуалците да помогнат во најголемата криза, не ги повика банките. Колумбиа, Корне, Јејл и Харвард го направиа своето.
И сега и овде... мојот ум, истото го бара во Македонија.
Вашиот, само треба да... полета.
Thunderbird