Е па Воденичари, Среќна Нова Година
Вечна тема тибам штркот... Ги мразам новите години од дното на душата... отсекогаш не сум ги поднесувал... ич не ги сакам... имам страшен анимозитет спрема нив... од следниве причини:
1. ЗАДОЛЖИТЕЛНОСТ. Задолжително треба да бидам весел и свечено (гордо и достоинствено) расположен. Задолжително, само заради едно обично менување датум, треба на сите околу мене (сакани и омразени) да им ги пожелувам истите работи, во смисла - „многу здравје, среќа и се’ да ти се исполни“, иако поради честото повторување, зборовите не значат ама баш ништо. Задолжително треба да бидам срдечен, насмеан и пристојно облечен (мислам, попристојно од останатите 364 дена, со исклучок на свадби и погреби), тазе избричен, со тазе измиена коса, штрцнат со Салваторето (Ферагамо, де) кое ќерка ми ми го купи за прекланскиот роденден, со еден збор - задолжително јас треба да бидам тој што не сум. И што не сакам да бидам.
2. РАСКАЛАШЕНОСТ од НЕИЗЖИВЕАНОСТ. Предновогодишните прослави на колегите од работа, пак, се нешто што ме вади од памет. Одам на сите, не сум пропуштил ниту една во сиве овие изминати години. И секогаш заклучувам една иста работа - ние сме ти биле еден многу несреќен народ. Толку несреќен, толку стегнат од предрасуди, толку притиснат од лошите избори на брачните партнери, толку непрошетан и неизживеан, што на нашите предновогодишни колегијални забави може да ни позавиди и Калигула. Во делот на парадата на пијанството и кичот. Чочеци на маси, распојасани дебелковци, распашани тетки (са лажним трајнама) со полуизвадени цицки, миничи уз врат, плескања у чело на омилената нумера од Шемса Суљаковиќ или од Шериф Коњевиќ (леле колешке шо си вечерва параноидно-шизофрено привлечна, де искочи малку надвор да ти шепнам нешто и сл.), со еден збор - кутар обид да се избега барем на миг од грдата реалност, барем за една наносекунда да се создаде трепетлика на нешто што не сме.
3. АПСУРДНОСТ. А зошто всушност да се радувам на новите години? Затоа што сум постар? А со тоа и со поретка и побела коса? И со една брчка повеќе? Затоа што со секоја измината година сум се’ погрд? А бе ај не заебаај. Што се слави уствари? Нашата минливост? Нашето приближување до крајната одјава? А бе некој овде некого стварно дупи у мозок („ајде ајде - џинкрлака џикица, џинкрлака џикица“, колешке ма, ај малце надвор, сварно имам нешто важно да ти кажам).
4. ТРАУМАТИЧНО ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛНОСТА. Има некоја заебана закономерност у фактот дека најсиромашниот месец во новата година која „со радост ја дочекавме“ е токму месецот јануари. Единствената светла страна на овој месец се Бадникот, Божикот, коледарите, а посебно палењето огнови ноќта спроти овој ден. Е баш таа вечер, идам на гости кај другар ми Штеки у Жданец и здраво се овердозирам со греана сливка. За да заборавам на траумите од Нова Година. А после тоа... сурово соочување со реалноста. Броење денови до следна плата (комши да не имаш бе случајно иљадарче, ти го враќам околу први), нервози со жената, неврози од децата, дубиози со швалерката...
Ете затоа ги мрзам новите години, тибам штркот што ги измисли. Ете затоа и текстот за тоа што ги обединува Македонците не ми се пишува, ете затоа као копиљ изедов ќутек од покојни Кљак (он мене - Нено ај среќна нова година да ти се испунат сите желби, ја него - имам само една, он мене - а која?, ја него - да и’ го свирнам на сестра ти, он мене - бокс у лево око).
Е па Воденичари, Среќна Нова Година, да ви се исполнат сите желби!!!
Невен Китановски