Бокиева жеља од боксерот, шетачот и остала ситна боранија...!
Боксер, ај нек ти е сречна оваа година и ти посакуем здравје и брзи опоравак, друго се’ си имаш, ама пошо ти си у позиција да остваруеш народни жељи, а ја иам само една и глеај нешо размисли околу оваа мојава, нели, и ја сум народ... Глеј сеа боксер, шо не’ заеба не’ заеба, тоа е факат. Ти даовме шанса и ја посра работата, ај да не речам ни иба мајката со тие надградби и прошируања у пичке си материне кораци, а уствари испадна дека свите ти биле кораци на дивоградби и анкеси без документација, шо значи и ова е факат дека си не заебал. Послем, наака споменици у сред Скопје, и на плоштадот му иба мајката, а башка поеба миљони евра. Сеа се тетераиш низ ринг а братучедите те с’скаат да останеш уше таму, ама и сам глеаш дега си готов, па, ко поранешен спортиста и боксер, ја од тебе очекуем да бидеш фер и да се симнеш од ринг и да одиш малку на опоравак. Шо знаеш, со господ напред, може и ќе се опораиш и ќе се вратиш, ама братче, доста не дупчиш у здрав мозак и фаќај си путот... овде више нема џаде за твои кораци. Мислам, шо е многу многу е, ја претера... Е сеа, ти моеш да ми се љутиш и да не ми се љутиш, ама да ти кажам прао ич не ми чуе... Бараше? Ти даовме. Не заеба? Не заеба. Сеа, ај гитла...и не предизвикуј народ у маало да ти дое пред ринг и да ти рипне у нутра, па со сила да те џитне доле... Остај ги братучедите, тие трљат руки и пунат џебои, а ти попиаш тешки накаути и нервираш народ..., бери гајле и фачај штрафта..., доста ти е... не се заебаам, да цркнам...
Шетач, ај и тебе нек ти е сречна оваа година, а пошо и ти си имаш се’ и тебе ти пожелуем само здравје... Тоа шо ја го барам од тебе е да не се праиш многу мангуп и да не се занесуеш у кривина дека оној народ шо го шеташе низ Скопје е твој народ... И ја бев таму ама бев зарад боксерот, не зарад тебе... Ти праи список на нова влада и собирај ситна боранија околу тебе у случај боксеров да не сака да се симне од ринг... Вака ко шо си се заакал брзо ќе клапнеш и ти... Никој не ти забраа дека и ти ни иба мајката, па ударај на време и потпис и печат дека после паџање на боксерот ти идеш у трајна мировина и никад више нема да помислиш да влагаш у ринг, значи, не се заебаај поише..., ова ти е задња шанса, колку толку да опереш образ... Памет у глаа...
За остала ситна боранија шо најавуе леви и десни блокои, сречна нова година, ама уше сеа, значи одма, под итно, прајте купче и не се курчете многу многу, кој че биде главен а кој помалку главен, кој че биде поголем кој помал, важно е боксерот и шетачот да видат поголемо купче, па да, само у тој случај може да им го стресете малку... У други случај, остануете ситна боранија. Поситна да не може да биде, и че прскате ко новогодишни жижици, нишо друго... Ај сеа гитла на работа, почна новата година да се арчи, а брзо поминуе...
Борче Трајковски